Електроенергетиката во Македонија е стратешка област

Bez autora
Oct 03 2011

Најновите научни достигнувања во областа на енергетиката и во сферата на регулативата на големите енергетски системи се темите на кои ќе се расправа на 7 Советување на Македонскиот национален комитет во Меѓународната асоцијација на големите електрични системи што се одржува во Охрид. Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во оваа прилика истакна дека електроенергетиката за Република Македонија е една од стратешките области. Владата во својата програма вклучува голем број проекти што ќе значат отворање нови работни места и инвестиции, подем за бруто-домашниот производ и подобрување на националната економија. За Владата е мошне важно да биде навремено инфорирана за тие најнови научни достигнувања, со цел истите да ги вгради во својата програма, се со цел поголем квалитет.

Електроенергетиката во Македонија е стратешка областНајновите научни достигнувања во областа на енергетиката и во сферата на регулативата на големите енергетски системи се темите на кои ќе се расправа на 7 Советување на Македонскиот национален комитет во Меѓународната асоцијација на големите електрични системи што се одржува во Охрид.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во оваа прилика истакна дека електроенергетиката за Република Македонија е една од стратешките области.

- Владата во својата програма вклучува голем број проекти што ќе значат отворање нови работни места и инвестиции, подем за бруто-домашниот производ и подобрување на националната економија. За Владата е мошне важно да биде навремено инфорирана за тие најнови научни достигнувања, со цел истите да ги вгради во својата програма, се со цел поголем квалитет, изјави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

За електроенергетиката како област тој рече дека природно упатува на поврзување на електроенергетските системи со соседните држави, за што потврда се големиот број заеднички прекугранични проекти.

Притоа тој укажа дека либерализацијата на регионалниот енергетски пазар, како обврска што Македонија ја има преземено со стапувањето во енергетската заедница, во определни сегменти ќе донесе придобивки како што е привлекувањето повеќе странски инвестиции во областа, но истовремено укажа и на одредени негативни аспекти, оттаму што поголемиот пазар за електрична енергија значи и дерегулација на цената, односно може да се очекува во наредените години и притисок за зголемување на цената на електричната енергија.

Во рамки на годинешното советување ќе се одржи пленарна панел-дискусија, на која истакнати експерти од Европа ќе ги презентираат своите искуства и размислувања на тема Либерализацијата на регионалниот пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа", како и сесии на 16 студиски комитети и технички презентиации на афирмирани компании во областа на електроенергетиката.

Покрај традиоционалните содржини, на советувањето ќе се организира и работилница со меѓународен карактер, на која ќе бидат претставени резултатите од проектот Предизвици на преносните системи оператори од ЈИЕ", финансиран од Европската комисија преку програмата ФП1".

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik